Enes Canlı
02 Мај 2022•Ажурирај: 03 Мај 2022
КУДС (АА) - Министерството за надворешни работи на Израел денеска го повика рускиот амбасадор на разговор и му врачи протесна нота поради тврдењата на рускиот министер за надворешни работи дека нацистичкиот водач Адолф Хитлер имал еврејска крв, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелското Министерство за надворешни работи ги осуди и ги оцени како морничави неодамнешните изјави на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Во соопштението се наведува дека по изјавите на Лавров, рускиот амбасадор во Тел Авив, Антониј Викторов, е повикан во Министерството поради образложение на спорните изјави на рускиот министер.
Во вчерашното интервју за италијанските медиуми, Лавров рече дека фактот што украинскиот претседател Владимир Зеленски е Евреин не е во спротивност со тврдењата на Москва дека започнала напад за „денацификација“ на Украина.
„Верувам дека Хитлер имал еврејска крв“, рече Лавров.
Одговарајќи на коментарите, израелскиот министер за надворешни работи, Јаир Лапид, на Твитер наведе дека изјавите на Лавров се непростливи и дека се ужасна историска грешка.
„Најниско ниво на расизам кон Евреите е обвинување на самите Евреи за антисемитизам“, порача Лапид.