Ruslan Rehimov
02 Мај 2022•Ажурирај: 03 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Вооружените сили на Украина соопшти дека од почетокот на нападот на нивната земја, Русија изгубила околу 23.800 руски војници, и дека се соборени 194 авиони, 155 хеликоптери и уништени се 1.048 тенкови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што ги опфаќа податоците од 24 февруари до 2 мај оваа година, истакнато е дека руската страна во последните 24 часа изгубила 300 војници.
Покрај споменатите загуби, како што тврди украинската страна, Русија изгубила 2.519 оклопни возила, 459 топови, 152 ракетни системи и 80 системи за противвоздушна одбрана.
Руските сили изгубија 1.824 воени возила, осум бродови и брзи глисери, 76 цистерни и 271 беспилотно летало.
Министерството за одбрана на Русија во соопштението од 25 март наведе дека во Украина настрадале 1.351 руски војник.