Alaattin Doğru
23 Февруари 2023•Ажурирај: 27 Февруари 2023
АНКАРА (АА) - Фотографии од стотици делфини пронајдени мртви на брегот во Франција се изложени на Плоштадот „Инвалиди“ во Париз за да се издигне свеста кај луѓето во борбата против ловокрадството, јавува Анадолу.
Сојузот за заштита на правата на животните на Плоштадот „Инвалиди“ изложи фотографии од 400 делфини кои во последните три месеци се пронајдени мртви на атлантскиот брег на Франција.
Изложбата организирана за зголемување на свеста кај Владата за преземање заштитни мерки и заштита на делфините, има за цел да се воведе забрана за лов во одредени периоди кога во водите се присутни делфините.
Се наведува дека ловот во областите кои ги посетуваат делфините се причина за овие смртни случаи.
- Жалба до Европската комисија
Како дел од кампањата започната на 25 јануари, претставници на Сојузот за заштита на правата на животните испратија писмо потпишано од 50.000 луѓе до претседателот Емануел Макрон со барање за преземање акција за заштита на делфините.
Доколку Владата не реагира на барањето, Сојузот за заштита на правата на животните, поднесувајќи го предметот пред Судот на правдата на Европската Унија (ЕУ), ќе поднесе жалба до Европската комисија за да се осигура дека на Франција ќе ѝ се наметнат тешки финансиски санкции.
Според Сојузот за заштита на правата на животните, 80 проценти од делфините кои заринкале на францускиот брег се женки делфини во фаза на породување и не покажале знаци на заболување.
Се смета дека сличната појава на мртви делфини на истите брегови секоја година се должи на ловните активности што се вршат во регионот.
Доколку ваквата ситуација не се спречи, делфините се во опасност од исчезнување во француските води во период од 30 години.