свет

Издадено предупредување во јужната индиска држава Керала по пријавени 19 смртни случаи од „амеба што го јаде мозокот“

Здравствените власти издадоа предупредување бидејќи заразата се шири

Ekipa  | 17.09.2025 - Обновена : 17.09.2025
Издадено предупредување во јужната индиска држава Керала по пријавени 19 смртни случаи од „амеба што го јаде мозокот“

АНКАРА (АА) – Деветнаесет лица починале во индиската јужна сојузна држава Керала во 2025 година од примарен амебен менингоенцефалитис (ПАМ), тешка мозочна инфекција позната и како „амеба што го јаде мозокот“, потврди денес министерката за здравство на државата, Вина Џорџ, јавува Анадолу.

Таа истакна дека досега годинава се регистрирани вкупно 69 случаи на оваа ретка болест.

Здравствените власти издадоа предупредување бидејќи заразата се шири, јави државната телевизија „ДД њуз“.

Оваа ретка инфекција ја предизвикува „Naegleria fowleri“ ('амеба што го јаде мозокот'), која најчесто се развива во лошо одржувани базени, водени паркови и други рекреативни водени површини, според податоците на Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ).

„Naegleria fowleri“ е наречена „амеба што го јаде мозокот“ затоа што ја инфицира мозочната маса и постепено ја уништува, велат експертите од ЦДЦ.

Не е првпат Керала да се соочи со оваа инфекција. Првиот регистриран случај датира од 2016 година.

Од Здравствениот оддел на Керала соопштија дека „спорадични случаи на ПАМ се пријавувани од повеќе делови на државата во последната деценија“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.