Betül Yürük
27 Октомври 2017•Ажурирај: 28 Октомври 2017
ЊУЈОРК (АА) - Специјалниот известувач за човекови права на ОН за Палестина, Мајкл Линк, изјави дека евентуалните санкции на Израел на воен, економски и на академски план би можеле да ја променат политиката на оваа земја. Линк упати повик до меѓународната заедница за бојкот на израелските компании што работат на окупираната палестинска територија, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата во Њујорк, Линк се осврна на годишниот извештај за човековите права.
Тој потсети на 50-годишната израелска окупација, како и систематското кршење на човековите права секој ден е сѐ поголемо. Како што изјави Линк, меѓу Израел и окупираната Палестина постои голема, асиметрична разлика во силите.
Специјалниот известувач додаде дека евентуалното воведување санкции кон Израел би можело да придонесе за промена на политиката на израелската администрација, и додаде: „Меѓународната заедница не смее да зема производи од израелските компании што се наоѓаат на окупираната палестинска територија, бидејќи тие компании таму се наоѓаат противзаконски. Израел е многу зависен од трговијата со надворешниот свет, САД и ЕУ“.
Линк истакна дека кога на Израелците би им била потребна виза за странство, доколку немаат трговски договори со ЕУ и кога би се прекинала соработката со Израел на воен, економски и на академски план, би дошло до темелни измени во ставот на Израелците и на Владата на Израел.
„До тоа треба да дојде, бидејќи и патувањето од илјада километри започнува со еден чекор, а ова може да биде нашиот прв чекор“, заклучи Линк.