Şerife Çetin
25 Октомври 2024•Ажурирај: 28 Октомври 2024
ЊУЈОРК (АА) - Мофокенг одговараше на новинарски прашања во зградата на ОН, известува Анадолу.
„Неприфатливо е немањето пристап до здравствена заштита за време на тековниот геноцид во Газа“, рече Мофокенг и додаде дека таму биле убиени и здравствени работници и биле спречени да во извршувањето на своите должности.
Мофокенг изјави дека здравствените работници со месеци работат под страшни услови и вршат операции без потребните лекарства.
Подвлекувајќи дека човековите права треба да се земат како основа во сите конфликти, вклучително и во Газа, Мофокенг изјави дека одржливиот мир и развој не можат да се постигнат поинаку.
- „Мора да се употребат сите средства за да се стави крај на геноцидот“
Мофокенг изјави дека треба да се воспостави прекин на огнот во Газа заради човештвото и додаде:
„Светските лидери треба да ги искористат сите средства, вклучително и економските, политичките и дипломатските, за да се стави крај на геноцидот во Газа“.
Наведувајќи дека покрај геноцидот во Газа, има и страшно уништување на здравствениот систем, Мофокенг тоа го нарече „medicide“.
Мофокенг нагласи дека виновниците не се казнети и меѓународното право е прекршено на ниво што досега не е видено. Тој истакна дека лекарите не ги напуштаат своите пациенти иако знаат каков ќе биде нивниот крај.
Изјавувајќи дека својата загриженост по ова прашање им ја пренел на израелските власти, Мофокенг рече дека сѐ уште не добил официјален одговор.
Од друга страна, Мофокенг истакна дека тој, како и многу специјални известувачи на ОН, јавно му ги пренеле на Израел своите барања за истрага и прекин на огнот и додаде:
„Ништо не може да се случи додека траат бомбардирањата. Затоа треба да почнеме од оваа точка“.
Мофокенг истакна дека состојбата на „неказнување“ секојдневно достигнува нови нивоа и нагласи дека тоа треба да биде резултат на активностите.