Emre Gürkan Abay
19 Март 2018•Ажурирај: 19 Март 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, на претседателските избори во Русија од отворените 50 отсто од избирачките кутии освоил 75 отсто од гласовите. Путин на Црвениот плоштад го одржа своето победничко обраќање изјавувајќи „Земјата ја очекуваат успеси. Ќе направиме важни работи за Русија“, јавува Anadolu Agency (AA).
По пребројувањето на 50 отсто од гласачките кутии, сегашниот претседател Путин води со 75 отсто освоени гласови.
Откако Централната изборна коисија на Русија ги објавуви информациите за процентот на отворени гласачки кутии и освоените гласови, според кои сегашниот руски претседател освоил најголем број гласови, Путин во главниот град Москва, на церемонијата по повод анексирањето на Крим, одржа победнички говор.
Путин им се заблагодари на илјадниците лица кои се собраа на Црвениот плоштад во знак на поддршка и продолжи: „Ние сме еден голем тим, а јас сум дел од него. Нашата земја ја очекуваат успеси. Ќе направиме важни работи за Русија“.
На претседателските избори во Русија учествуваа вкупно 8 кандидати. Бизнисменот Павел Груднин, кандидат на Комунистичката партија освои 13,3 отсто од гласовите, лидерот на Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР), Владимир Жириновски освои 6,33 отсто, поранешната телевизиска водителка Ксенија Собчал од Граѓанската иницијатива освои 1,4 отсто, основачот на Руската либерална партија Јаблоко, Григориј Јавлински 0,8 отсто, а лидерот на десно либерална „Партија на растот“ Борис Титов, лидерот на Руската Федерација Сергеј Бабурин и лидерот на Комунистите на Русија, Максим Сурајкин освоија по 0,6 отсто од гласовите.