Emel Öz Gözellik
07 Март 2018•Ажурирај: 08 Март 2018
ВЕЛИНГТОН (АА) - Најмалку 55 лица загинаа во земјотресот со интензитет од 6,7 степени според Рихтер кој ја потресе Папуа Нова Гвинеја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вилијам Поуви, гувернерот на Саутерн Хајлендс, изјави дека во земјотресот со интензитет од 6,7 сптепени според Рихтер, со епицентар 112 километри југозападно од градот Порџер, животот го загубиле најмалку 55 лица.
Поуви информираше дека по земјотресот се забележани голем број помали потреси.
На 25 февруари во близина на градот Порџер се случи земјотрес со интензитет од 7,5 степени, во кој животот го загубија 15 лица.