Sinan Doğan
15 Август 2021•Ажурирај: 16 Август 2021
АНКАРА
Бројот на луѓе што ги загубија животите во земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала, што го потресе брегот на Хаити, изнесува 304, додека бројот на повредени надмина 2.000, известува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот геолошки завод (USGS) објави дека по земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала, почувствувани се голем број последователни потреси.
Агенцијата за цивилна одбрана на Хаити информираше дека 304 луѓе ги загубиле животите во земјотресот, додека бројот на повредени е над 2.000.
Властите објавија дека спасувачките екипи досега од урнатините извлекле стотици повредени, додавајќи дека засега не е позната точната бројка на лицата што починале во разорниот земјотрес.
Во исто време, властите упатија повик за меѓународна помош по земјотресот кој предизвика големо уништување и потреси.

- Земјотресот со јачина од 7,2 степени се случи во близина на брегот на Хаити
Американскиот геолошки завод имаше објавено дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 7,2 степени бил на 12 километри североисточно од Сен-Жан ди Сид.
Земјотресот што бил почувствуван во Порт о Пренс, главниот град на Хаити, ги принудил луѓето во паника да излезат на улица.
По извесен период од земјотресот, што бил на длабочина од 10 километри, предупредувањето за можно цунами било отстрането.
Премиерот на Хаити, Ариел Хенри, изјавувајќи дека има настрадани во земјотресот и дека е предизвикана голема штета, додаде дека е воведена едномесечна вонредна состојба во земјата.
- Земјотреси на Хаити
Еден од земјотресите што предизвикаа најмногу смртни случаи во светот во минатиот век се случи на Хаити на 12 јануари 2010 година.
Според официјалните податоци, во земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала, што го потресе јужниот дел на земјата, животот го загубија 316.000 луѓе, а 300.000 беа повредени.
Во земјотресот што имаше голема разорна моќ, 1,3 милиони луѓе останаа без покрив над главата.