Recep Şakar
05 Март 2021•Ажурирај: 06 Март 2021
МЕЛБУРН (АА) - Земјотрес со јачина од 8,1 степен се случи во близина на островите Кермадек во Нов Зеланд, при што беше издадено предупредување за цунами и на копно и во море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Националната агенција за управување со катастрофи (NEMA), по земјотресот со јачина од 7,1 степен на Северниот Остров и земјотресот со јачина од 7,4 степен во близина на островите Кермадек, се случи трет земјотрес со јачина од 8,1 степен на островите Кермадек.
Се истакнува дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, по што беше издадено предупредување за цунами.
Националната агенција за управување со катастрофи соопшти дека постои опасност од цунами и во крајбрежната зона на земјата и на море.