Cüneyt Karadağ
05 Март 2021•Ажурирај: 05 Март 2021
БЕРЛИН (АА) - Во изминатите 24 часа во Германија од последици предизвикани од Ковид-19 починаа уште 264 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Државниот центар за контрола на болести, Институтот „Роберт Кох“, соопшти дека во текот на последните 24 часа регистрирани се уште 264 смртни случаи, односно вкупно од почетокот на пандемијата 71.504 смртни случаи.
Во истиот период на вирусот позитивни се уште 10.580 лица, вкупно од почетокот на пандемијата 2.482.522 заразени.
Во Германија во тек е вакцинацијата против коронавирусот, во која досега првата доза на вакцината ја примија 4,55 милиони лица, а втората 2,3 милиони лица.