Şeyma Uzundere
28 Април 2021•Ажурирај: 30 Април 2021
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди индиската сојузна држава Асам, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Центарот за геолошки истражувања на САД.
Во соопштението се вели дека епицентарот на земјотресот бил на 9 километри северозападно од градот Декијаџули во Асам.
Се наведува дека земјотресот со јачина од 6 степени се случил во 7:51 часот по локално време, на длабочина од 34 километри.
Според првичните сознанија, во земјотресот нема жртви или повредени.