Recep Şakar
17 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
МЕЛБУРН
Земјотрес со јачина од 6,9 степени се случи во близина на градот Лае во Папуа Нова Гвинеја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Радио Њу Зеланд“ (Radio New Zealand), епицентарот на земјотресот бил во селото Вау во близина на градот Лае.
Пацифичкиот центар за цунами по овој земјотрес даде аларм за цунами долж бреговите на Папуа Нова Гвинеја.
Меѓу другото, Американскиот центар за геолошки истражувања (USGS) соопшти дека јачината на земјотресот бил бил 6,9, и дека се случил во 13:00 часот по локално време.
Се истакнува дека овој земјотрес се случил на длабочина од 85 километри.
Сѐ уште не се знае дали има жртви или материјална штета во земјотресот.