Muhammed Emin Canik,Emre Aytekin
17 Јули 2020•Ажурирај: 17 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС
Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 1.322 лицa, во Мексико 668 лица, а во Индија 694 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.322 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 76.688 лицa.
Во земјата се откриени уште 45.403 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 2.012.151.
Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата изнесува 1.296.328.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 668 лица.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 37.574.
Во Мексико се откриени уште 6.406 нови случаи, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 324.041.
Досега во земјата излекувани се 203.464 лица.
- Индија
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 694 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 25.609.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 31.124 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 1.004.883.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 636.602 лица.