Mustafa Melih Ahıshalı
23 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужната иранска покраина Хормузган, јавува Anadolu Agency (AA).
Сеизмолошкиот центар при Универзитетот во Техеран соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран на периферијата на градот Зијаретали, на длабочина од 20 километри.
Земјотресот се случил утринава, околу четири часот по локално време, и се почувствувал во пошироката област, вклучувајќи го и главниот град на покраината Бандар Абас.
До сега нема информации за причинета штета.