Sinan Doğan
13 Мај 2022•Ажурирај: 16 Мај 2022
БОГОТА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди Перу, Јужна Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот центар за сеизмологија при Институтот за геофизика на Перу.
Се истакнува дека епицентарот на земјотресот бил 30 километри западно од градот Чилка, на 60 километри од главниот град на Перу, Лима.
Според соопштението, земјотресот со јачина од 5,5 степени се случил на длабочина од 9 километри.
Властите нагласија дека во земјотресот нема жртви или материјална штета.
Инаку, во земјотресот со јачина од 7,9 степени кој се случи на 15 август 2007 година во Перу загинаа 595 лица.