Zehra Ulucak
13 Септември 2019•Ажурирај: 14 Септември 2019
МАНИЛА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди северниот дел на Филипините, пренесува Anadolu Agency (AA).
Институтот за вулканологија и сеизмологија на Филипините соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 5,3 степени бил 39 километри североисточно од местото Бурдеос при градот Квезон.
Земјотресот бил почувствуван и во главниот град на оваа земја, Манила и неговата околина, а како резултат на земјотресот, извесно време беше прекинат железничкиот сообраќај.
Сѐ уште нема информации дали има жртви или материјална штета во земјотресот.