Земјотрес со јачина од 5,3 го погоди Мексико
Според Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS), епицентарот на земјотресот со јачина од 5,3 степени бил 5,9 километри југозападно од местото Сантиаго Исталтепек, на длабочина од 27,4 километриZehra Ulucak
17 Јануари 2020•Ажурирај: 19 Јануари 2020
АНКАРА/МЕКСИКО (АА) - Земјотрес со јачина од 5,3 степени се случи во мексиканската сојузна држава Oaxaca, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS), епицентарот на земјотресот со јачина од 5,3 степени бил 5,9 километри југозападно од местото Сантиаго Исталтепек, на длабочина од 27,4 километри.
Агенцијата за цивилна одбрана при Oaxaca преку Твитер нагласи дека како резултат на земјотресот, настанало штета во подрачјето, но не се дадени детални информации.