Ekipa
26 Август 2018•Ажурирај: 27 Август 2018
ТЕХЕРАН (АА) - „Во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер што рано утринава го погоди Тазехабад, во иранската покраина Керманшах, загинаа две лица, а 310 се повредени“, соопшти иранската Агенција за вонредни ситуации, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека загинале бремена жена и 70-годишен маж, кој починал од последици на срцев удар.
Претседателот на Иран, Хасан Рохани, телефонски разговараше со министерот за внатрешни работи на земјата, Абдулреза Рахмани Фазли, притоа нареди укажување помош на настраданото население.
Иранската државна телевизија јави дека Фазли утре ќе го посети подрачјето погодено од земјотресот.
Во земјотресот со јачина од 7,3 степени што на 12 ноември 2017 година го погоди пограничното подрачје меѓу Ирак и Иран, загинаа 620 лица.