?kipa
26 Август 2018•Ажурирај: 27 Август 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Поради економската криза во Иран од должност е разрешен министерот за економија и финансии на земјата, Месуд Кербасијан, јавува Anadolu Agency (AA).
Парламентот на Иран утринава гласаше за доверба на министерот Кербасијан, кој е сменет од таа функција со гласовите на 137 парламентарни пратеници.
Кербасијан е суспендиран поради обвиненијата дека не спроведувал адекватни мерки во екот на економската криза во Иран и поради неефикасните ревизорски служби во таа земја.
На почетокот на август на истиот начин е разрешен и дотогашниот ирански министер за труд, Али Реби.