Gamze Türkoğlu Oğuz
28 Февруари 2018•Ажурирај: 28 Февруари 2018
ЏАКАРТА (АА) - Индонезија ја потресе нов земјотрес со интензитет од 6,4 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Суторо Пурво Нугрохо, за АА изјави дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 6,4 степени се случил 239 километри југоисточно од Бовен Дигел, на длабочина од 100 километри.
По земјотресот не е издаден аларм за цунами, нема загинати, ниту е предизвикана материјална штета.
Вилијам Поуви, гувернерот на Саутерн Хајландс соопшти дека во земјотресот со интензитет од 7,5 степени кој се случи на почетокот од неделава, животот го загубиле 15 лица, од кои четворица во урнатите згради во Менди, главниот град на провинцијата и три лица во урнатите куќи.
Гувернерот Поуви ја истакнал потребата од помош, нагласувајќи дека поради земјотресите прекинати се активностите на три нафтени полиња, едно поле за течен природен гас и во еден рудник за злато.
Се стравува од можноста за зголемување на бројот на загинати во подрачјето.
Во понеделникот наутро, Папуа Нова Гвинеја ја потресе земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар беше 89 километри југозападно од градот Лагаип-Поргера.