?kipa
28 Февруари 2018•Ажурирај: 28 Февруари 2018
ИДЛИБ (АА) - И покрај Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за едномесечен прекин на огнот во Сирија, режимот на Башар ал Асад изврши воздушни напади врз населените места на руралното подрачје на Идлиб, при што загинаа четири, а се повредени шест цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Мустафа Хаџ Јусуф, директор на Цивилната одбрана во Идлиб, во изјава за АА истакна дека четири лица го загубиле животот, од кои 3 во воздушниот напад извршен во Хан Шејхун, и едно лице во селото Ел Хабит, кои се наоѓаат во зоната нбез судири во Идлиб, а шест лица се повредени.
Селата Ел Рафе и Ум Халахил кои се наоѓаат во јужното рурално подрачје на Идлиб, како и руралното подрачје на Хама вчера беа изложени на воздушни напади.
Режимот на 25 февруари ги нападна Џиср еш Шугур и Кефер Зита.
Во Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН се бара сите страни, без одлагање, на целата територија на Сирија да ги запрат сите судири најмалку 30 дена, за да се овозможи безбеден, непречен и одржлив начин на испорака на хуманитарна помош и евакуација на тешко болните и ранетите.