Fatma Esma Arslan
28 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
АНКАРА (АА) - Профилите на социјалните мрежи што се блиски до терористичката организација ПЈД/ПКК, повторно во својата кампања за оцрнување на Турските вооружени сили во операцијата „Маслинова гранка“ користат фотографии од други локации и настани. Овојпат ја искористија второнаградената фотографија од „İstanbul Photo Awards 2016“, јавува Anadolu Agency (AA).
На социјалните мрежи споделена е лагата дека цел на нападите се децата во Африн. Станува збор за фотографија на дете загинато во воздушните напади на Саудиска Арабија во Јемен.

Преку профилите блиски на терористичката организација споделена е фотографија од рането дете, која е претставена како да е рането во Африн. Се покажа дека фотографијата му припаѓа на фотосервисот на AFP, а направена е на 30 август 2016 година.
Поддржувачите на теророт, уште еднаш, не се двоумеа во својата лажна пропаганда за Африн да употребат претходно наградувана фотографија.

Преку профилите за оцрнувачка кампања на социјалните мрежи споделена е фотографија со легенда „Децата се цел на напади во Африн“. Станува збор за фотографија која на натпреварот во фотографија „İstanbul Photo Awards 2016“, организиран од страна на Anadolu Agency, ја доби втората награда во категоријата серија фотографии.
Фотографијата е изработена од Абд Думани, фоторепортер на AFP, а на неа се немоќта на еден татко кој во своите прегратки го држи безживотното тело на неговата ќерка.

Поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК и претходно се обидоа да манипулираат со фотографија која на „İstanbul Photo Awards 2016“ ја имаше освоено првата награда.