Mustafa Melih Ahıshalı
06 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди иранската западна покраина Илам, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Центарот за сеизмологија при Универзитетот на Техеран.
Се истакнува дека епицентарот на земјотресот бил во градот Салех Абад во Илам.
Во соопштението се нагласува дека земјотресот со јачина од 5,2 степени се случил во 9:24 часот по локално време.
Како што се наведува во соопштението, земјотресот се случил на длабочина од 9 километри.
Сè уште не е дадена изјава околу тоа дали има жртви или материјална штета во земјотресот.