Riyaz Khaliq Khaliq
08 Август 2024•Ажурирај: 09 Август 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонија денес ја погоди силен земјотрес, поради што е дадено предупредување за цунами, пренесува Анадолу.
Според Геолошкиот институт на САД (USGS), земјотрес со магнитуда од 7,1 степен ја погодил југозападната префектура Мијазаки.
Земјотресот е регистриран околу 07:42 часот по Гринич.
Претходно Геолошкиот институт соопшти дека магнитудата изнесувала 6,9 степени, но подоцна ја ревидираше на 7,1.
Локалните власти издадоа предупредување за цунами за префектурите Кочи, Мијазаки, Ехиме, Оита и Кагошима.