Amir Latif Arain
14 Август 2025•Ажурирај: 15 Август 2025
АНКАРА (АА) - Земјотрес со прелиминарна магнитуда од 5,1 степен по Рихтер ја погоди источната префектура Ибараки во Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA), јавува Анадолу.
Земјотресот се случил во Пацификот во 4:13 часот наутро по локално време денес, на длабочина од околу 50 километри.
Не е издадено предупредување за цунами, објави „Кјодо њуз“ со седиште во Токио.
Нема извештаи за жртви или предизвикана штета.