Büşra Selvi Öğütcen
26 Ноември 2021•Ажурирај: 28 Ноември 2021
КУАЛА ЛУМПУР
Земјотрес со интензитет од 6 степени го потресе подрачјето на Мјанмар кое се наоѓа на границата со Бангладеш, известува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот Институт за геолошки испитувања (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 6 степени се случил на 19 километри северозападно од Хака, главниот град на државата Чин, кој се наоѓа во близина на границата на земјата со Бангладеш.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 32,8 километри, а почувствуван е и во соседен Бангладеш.
Според првичните информации, во земјотресот нема човечки жртви и не е причинета материјална штета.