Gamze Türkoğlu Oğuz
22 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
МЕКСИКО
Мексико денеска го потресе земјотрес со интензитет од 6,1 степен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот геолошки завод соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓа 173 километри југоисточно од крајбрежниот град Сан Хозе дел Кабо.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри од земјината кора во Пацифичкиот Океан. По земјотресот не е дадено предупредување за можно цунами.