Zehra Nur Düz
22 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
АНКАРА
Заразувањето со Ковид-19 во поголем дел од покраините во Иран е под контрола, а во земјата, во последните 24 часа се потврдени 51 смртен случај предизвикани од Ковид-19. Во Иран од Ковид-19 починаа 7.300 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во 14 од 31 област во Иран немаше смртни случаи предизвикани од вирусот во изминатите 24 часа, додека во шест покраини е потврден по еден смртен случај“, јави државната телевизија пренесувајќи го соопштението на Министерството за здравство.
И покрај тоа што вирусот е под контрола во многу покраини, властите и понатаму треба да ја сузбијат заразата во покраината Кузестан, на југозападниот дел на земјата.
Потврдени се уште 2.311 случаи на заразување, со што вкупниот број на заразени е зголемен на 131.652.
Од Ковид-19 се излекуваа 102.276 лица, а во критична состојба се 2.659 пациенти.
„За можно присуство на Ковид-19 се спроведени вкупно 763.913 тестирања“, наведува Министерството.
Иран е една од најпогодените земји кога станува збор за заразувањето на Блискиот Исток, а првиот случај е потврден во градот Ком, на 19 февруари.
Во светот со Ковид-19, кој изби во Кина во декември 2019 година, се заразени повеќе од 5,2 милиони лица. Од вирусот најмногу се погодени САД, Русија, Бразил и неколку европски земји.
Пандемијата однесе повеќе од 333.300 животи низ светот, додека излекувани се околу 2 милиони.