Haydar Şahin
29 Јануари 2023•Ажурирај: 30 Јануари 2023
ТЕХЕРАН (АА) - Најмалку две лица загинаа, а 664 се повредени во земјотресот со интензитет од 5,8 степени што синоќа го потресе северозападниот дел на Иран, известува Агенција Анадолија (АА).
Земјотрес со интензитет од 5,8 степени по Рихтер ја потресе иранската покраина Западен Азербејџан, а епицентарот е регистриран во подрачјето на округот Хоја.
Гувернерот на Западен Азербејџан, Мухамед Садик Мутедедијан, потврди дека во земјотресот загинале две лица, а 664 се повредени. Тој соопшти дека 20 лица се потешко повредени.
Информирајќи дека оштетувања се забележани во околу 70 села, гувернерот Мутедедијан додаде:
„Експертите се испратени во радиус од 30 километри од епицентарот на земјотресот за да ја утврдат можната штета.“