Mahmut Atanur
19 Октомври 2018•Ажурирај: 20 Октомври 2018
ЏАКАРТА (АА) - Индонезиската провинција Папуа ја потресе земјотрес со интензитет од 5,7 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Индонезискиот Завод за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) соопшти дека епицентарот на земјотресот се случил во подрачјето Сарми, 28 километри југоисточно, на длабочина од 85 километри.
Заводот не издаде предупредување од цунами, а засега нема информации за човечки жртви или материјална штета.
Во земјотресот со интензитет од 7,5 степени, што го потресе островот на 28 септември по кој следуваше цунами, животот го загубија 2.103 лица.
Индонезија се наоѓа во пацифичкиот „Огнен појас“, каде што тектонските плочи се судираат и предизвикуваат чести сеизмички и вулкански активности.
Во земјотресот што на 26 декември 2004 година ја потресе Индонезија со интензитет од 9,1 степен и во цунамито што следуваше по него, вклучувајќи ги и другите земји во регионот, животот го загубија 230.000 луѓе.