Mahmut Atanur
18 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
ЏАКАРТА
Земјотрес со интензитет од 5,5 степени ја потресе индонезиската провинција Северен Малуку, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) на Индонезија информира дека епицентарот на земјотресот се случил 117 километри северозападно од подрачјето Даруба на островот Моротаи, на длабочина од 76 километри.
Според првичните проценки, засега нема загинати или повредени од земјотресот, а не е дадено ниту предупредување за можно цунами.
Амбор, главниот град на провинцијата Малуку, на 26 септември беше потресен од земјотрес со интензитет од 6,8 степени. Во оваа природна катастрофа животот го загубија 36 лица.