Gamze Türkoğlu Oğuz
18 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
АНКАРА
Од појавувањето на новиот вид коронавирус Ковид-19 во градот Вухан, Кина, за првпат во два последователни дена е откриен само по еден случај на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинеското Министерство за здравство соопшти дека во Вухан, вчера и денеска се регистрирани по еден случај на Ковид-19, додека бројот низ целата земја денеска е 13.
Соопштено е дека по 3 случаи се забележани во Пекинг и во Шангај, 1 во Сичуан и 5 случаи во Гуангдонг.
Истакнато е дека бројот на луѓе кои починале поради вирусот во Кина се зголемил на 3.237, вкупниот број случаи е 80.894, а од тие лица закрепнале 69.614.
- Од крајот на јануари не беше дозволено да се влегува и излегува од Вухан
Новиот вид коронавирус првпат беше откриен на 12 декември во градот Вухан, кинеската провинција Хубеи.
Здравствената комисија на Општина Вухан на 31 декември истакна дека уште 27 лица кои контактирале со пазарот на морска храна „Хуанан“, биле заразени со „мистериозната“ болест. Комисијата поради тоа го затвори пазарот.
Градот Вухан беше затворен за влез и излез на крајот на јануари поради вирусот што се ширеше во другите градови и другите провинции за кратко време.