Zehra Ulucak
24 Септември 2019•Ажурирај: 24 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди Порторико, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на американскиот Центар за геолошки истражувања, епицентарот на земјотресот со јачина од 6 степени бил на отворени води, 62 километри северозападно од Сан Антонио, на длабочина од 10 километри.
Во соопштението се додава дека по земјотресот, во период од еден час, во ова место и околината се случиле уште три последователни потреси со јачина од 4,7 степени, 4,6 и 4,3 степени.
Земјотресот предизвика паника кај граѓаните на Порторико.
Сè уште не се знае дали има жртви или материјална штета во земјотресот.