Nuri Aydın
15 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
АНКАРА
Автономниот ујгурски регион Синкјанг во Кина го потресе земјотрес со интензитет од 5 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кинескиот Центар на мрежа за земјотреси информира дека епицентарот на земјотресот се наоѓа во регионот на Коргас, сместен во подрачјето на автономниот ујгурски регион Синкјанг во кој претежно живеат ујгурски Турци, на длабочина од 15 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви и за причинетата материјална штета.