Aykut Karadağ
31 Октомври 2020•Ажурирај: 31 Октомври 2020
АНКАРА
Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,6 степени, што се случи вчера на отворени води во Егејското Море, кај местото Сеферхисар во Измир, се зголеми на 25 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Управата за вонредни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи на Турција.
Во соопштението се нагласува дека по големиот земјотрес досега се случиле над 340 последователни потреси.
Се вели дека досега во земјотресот загинаа најмалку 25 лица, додека повредени се над 800 лица.
Продолжуваат операциите за пребарување и спасување со цел извлекување на лицата заглавени под урнатините.