Adam Abu-bashal
31 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Ноември 2020
АБУЏА
Бројот на дијагностицирани случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 784 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 13.742 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.784.435.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 294 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 42.698.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (19.230), по која следуваат Египет (6.258) и Мароко (3.625).
Во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (723.682), по која следуваат Мароко (215.294) и Египет (107.376).
Во Африка од вирусот досега се излекувани вкупно 1.466.052 лица.