Davit Kachkachishvili
16 Декември 2022•Ажурирај: 17 Декември 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека на 15 декември Руската армија го нападнала украинскиот град Херсон повеќе од 16 пати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски преку Телеграм соопшти дека жена која доброволно се пријавила на пунктот на Црвениот крст, го загубила животот во нападот на Руската армија врз градот Херсон.
„Русија во текот на денот го бомбардира Херсон повеќе од 16 пати. За само еден ден, а вака е секој ден“, нагласи Зеленски.
Истакнувајќи дека судирите продолжуваат во регионот на Донбас и дека цивилната инфраструктура е цел на нападите врз населените места, Зеленски рече дека руските сили биле неуспешни во борбата против Украинската армија.
Тој нагласи дека уништувањето предизвикано од Русија мора да се запре и дека единствен начин да се запрат нападите е да се отстранат Русите од територијата на Украина.