свет

Зголемен број пожари во Италија, 700 регистрирани оваа година

- Италија регистрираше приближно 700 пожари во периодот меѓу јануари и јули 2025 година, при што изгореа повеќе од 320 квадратни километри земја, соопшти денес Италијанскиот национален институт за здравство

Necva Taştan Sevinç  | 06.08.2025 - Обновена : 06.08.2025
Зголемен број пожари во Италија, 700 регистрирани оваа година

ИСТАНБУЛ (АА) - Италија регистрираше приближно 700 пожари во периодот меѓу јануари и јули 2025 година, при што изгореа повеќе од 320 квадратни километри земја, соопшти денес Италијанскиот национален институт за здравство (ИСС), јавува Анадолу.

За споредба, институтот забележа дека пожарите уништија вкупно 514 квадратни километри во текот на 2024 година, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Според Гаетано Сетимо, координатор на Националната студиска група за загадување во затворен простор на ИСС, минатата година Сицилија беше погодена од најголем број пожари, со изгорени 175 квадратни километри, по што следува Калабрија со 102 квадратни километри.

„Иако летото обично е сезона кога се случуваат повеќе пожари поради повисоките температури и зголемената човечка активност на отворено, сепак, последниве години исчезнува сезонската природа на пожарите“, предупреди Сетимо.

Тој верува дека климатските промени играат значајна улога во промената на временските услови.

„Гледаме сè понередовни временски модели, заедно со недоволно внимание на управувањето со земјиштето и превентивните мерки“, додаде тој.

Сетимо повика на будност преку целата година, нагласувајќи дека ризикот од пожари повеќе не е ограничен само на летните месеци.

„За ова прашањето е потребно континуирано внимание во текот на целата година“, рече тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın