Cüneyt Karadağ
06 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
БЕРЛИН (АА) - Зборот „иншала“, кој секојдневно е често користен од муслиманите, влезе во Речникот на германски јазик, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На интернет-страницата на најзначајниот речник на Германија, „Дуден“, кој воедно е и водич за правопис, зборот „иншала“ е додаден како „inschallah“.
Значењето на овој збор е наведено како „ако даде Господ“.
На оваа страница се вели дека зборот иншала е со арапско потекло и дека често се користи меѓу муслиманите.
Не е дадена информација за тоа дали зборот иншала ќе биде додаден во новото печатено издание на речникот.