Ekipa
06 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
ВАРШАВА (АА) - Во пожар што избувна во дом за лица кои боледуваат од неизлечиви болести (хоспис) во Полска загинаа 4 лица, а хоспитализирани се 21, јавуваат полските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Сите четворица починати биле пациенти во здравствениот дом во Чојнице, град во северна Полска. Едниот од четворицата е пронајден мртов кога пожарникарите пристигнале на местото, а другите тројца починале на патот кон болницата“, изјави Маријан Хинка, портпарол на противпожарната служба.
Полицискиот службеник Микал Сиенкиевич изјави дека пожарот најверојатно бил предизвикан од цигара на вработен во домот.
Еден од хопитализираните е полициски службеник кој е примен поради вдишување чад.