Ömer Yetkin Acar
02 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
САО ПАУЛО (АА) - Најмалку девет лица загинаа во тепачка која се случи вчера во затворот во бразилската држава Гојаш, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на бразилската полиција изјави дека првиот ден од 2018 година во затворот „Колонија Агроиндустриал“ дошло до судир меѓу ривалските криминални групи.
За време на судирот, затворениците ги запалиле креветите и предизвикале пожар кој пожарникарите го изгасиле по повеќечасовна акција.
Во инцидентот, најмалку деветмина го загубија животот, додека 14 лица се повредени.
Судирот и пожарот предизвикале хаос во затворскиот комплекс од кој притоа избегале најмалку 106 затвореници.
Полицијата уапси 29 лица, а трага по 77 бегалци.
Затворските тепачки и бунтови не се ретка појава во Бразил. Минатата година, најмногу побуни се случија во затворот Анисио Хобим во амазонскиот регион, во кои загинаа 56 лица.