Gülşen Topçu
02 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
ГАЗА (AA) – Израелските воздушни сили изведоа жестоки напади на упориштето на воениот огранок на Хамас во Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинските полициски извори јавуваат дека израелски бомбардери го гаѓале воениот комплекс на бригадата на Хамас Из ад-Дин ал-Касам во близина на градот Кан Јунис на југот на Газа.
Во нападот немаше човечки жртви, а израеската страна до сега не го коментирала случајот.
Непосредно пред изведување на воздушни напади, гласноговорникот на израелската војска Авичај Адрае изјави дека од подрачјето на Фаза е исфрлена ракета која паднала на ненаселено подрачје на југот на Израел и дека во нападот немало човечки жртви.