İdris Okuducu
02 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
ЕРБИЛ (AA) - Иран повторно ги отвори сите гранични премини со Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак, кои пред два и пол месеци беа затворени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Месут Батели, одговорен за граничниот премин Хаџи Омеран, кој се наоѓа во рамките на границата на покраината Ербил, во изјава за локалните медиуми истакна дека по граничните премини Первезхан и Сејранбенд, Иран изутрина го отвори и граничниот премин Хаџи Омеран, и додаде дека овој граничен премин функционира како претходно.
Потсетуваме, Иран на барање на администрацијата од Багдад, затвори три од вкупно четирите гранични премини со Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак.
Ихсан еш-Шамари, советник на ирачкиот премиер Хајдар ал-Ибади, вчера изјави дека е донесена одлука со која на централната власт и е предадена контролата на граничните премини меѓу Регионалната курдска управа во северниот дел со Ирак, Турција и Иран.
По одржувањето на нелегитимниот референдум на 25 септември во Регионалната курдска управа во северен Ирак, централната ирачки власти донесоа одлука за преземање на контролата на границите и аеродромите.