Aida Cako
17 Јуни 2025•Ажурирај: 19 Јуни 2025
СКОПЈЕ (АА) – Денес продавниците во Големиот базар во Техеран, еден од клучните економски центри на земјата, беа затворени, додека тензиите меѓу Иран и Израел продолжуваат да ескалираат, јавува Анадолу.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно во текот на денот на платформата „Трут соушал“ напиша: „Сите веднаш да го напуштат Техеран!“
Регионалните тензии ескалираа од петокот, кога Израел започна координирани воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, меѓу кои и воени и нуклеарни објекти, што го натера Техеран да започне одмазднички напади.
Израелските власти соопштија дека најмалку 24 лица се загинати, а стотици повредени во иранските ракетни напади од петокот.
Иран, од своја страна, соопшти дека најмалку 224 лица се загинати, а над 1.000 се ранети во израелските напади.