свет

Зариф: „Економскиот терор и сарказмот за геноцид не може да го уништат Иран“

„Трамп, со провокациите на неговата Б-екипа, се надева дека ќе успее во тоа што не успеале Александар Велики, Џингис Хан и другите...“

Mustafa Melih Ahıshalı  | 20.05.2019 - Обновена : 21.05.2019
Зариф: „Економскиот терор и сарказмот за геноцид не може да го уништат Иран“

ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Мухaмeд Џeвад Зариф, во однос на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, рече дека економскиот терор и сарказмот за геноцид не може да го уништат Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во пораката што ја сподели на Твитер, Зариф одговори на пораката на Трамп, кој рече: „Ако Иран сака да води војна, тоа ќе биде официјален крај на Иран“.

Иранскиот министер за надворешни работи во одговорот нагласи:

„Трамп, со провокациите на неговата Б-екипа, се надева дека ќе успее во тоа што не успеале Александар Велики, Џингис Хан и другите. Сите окупатори заминаа, Иран илјада години остана на нозе. Економскиот терор и сарказмот за геноцид не може да го уништат Иран“.

Зариф, на крајот од неговата порака, наведе: „Никогаш не му се заканувај на Иранец. Обиди се да покажеш почит, тоа вреди!“

Иранскиот министер Зариф како „Б-екипа на Трамп“ ги нарекува советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Селман, и принцот престолонаследник на Абу Даби, Мухамед бин Зајед.

Во близина на зградата на американската Амбасада во Зелената зона во Багдад, главниот град на Ирак, синоќа имаше напад со ракети „Катјуша“.

Трамп, во врска со нападот, на социјалните медиуми напиша: „Ако Иран сака да води војна, тоа ќе биде официјален крај на Иран. Уште еднаш, никогаш не им се заканувајте на САД“.

- Тензиите меѓу САД и Иран -

Администрацијата на Трамп на 8 мај 2018 година објави дека се повлекува од договорот за нуклеарната програма потпишан во 2015 година.

Потоа САД воведоа санкции за извозот на нафта од администрацијата на Техеран, а од друга страна, во април ја ставија Револуционерната гарда на Иран на листата странски терористички организации.

Како одговор на санкциите на САД, иранскиот претседател Хасан Рохани на 8 мај истакна дека неговата земја повторно започнала дел од нуклеарните активности и објави дека договорните страни имаат 60 дена да преземат мерки за заштита на интересите на Иран.

САД пред кратко време, како мерка на претпазливост против можните закани од Иран, во Персискиот Залив испратија група бродови предводени од носачот на авиони „Абрахам Линколн“ и 4 авиони за бомбардирање „Б-52“ со нуклеарен капацитет. 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın