свет

Азербејџанската армија започна голема воена вежба

Во воената вежба што се спроведува со учество на 10 илјади војници ќе се симулираат операции врз непријателски цели и ќе се види нивото на хармонија помеѓу различните единици

Ruslan Rehimov  | 20.05.2019 - Обновена : 21.05.2019
Азербејџанската армија започна голема воена вежба

БАКУ (АА) - Азербејџанската армија започна сеопфатна воена вежба во која ќе учествуваат 10 илјади војници, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека според планот одобрен од претседателот Илхам Алиев, во воената вежба под командата на министерот за одбрана, Закир Хасанов, ќе учествуваат воени единици од разни команди. 

Во воената вежба што се спроведува со учество на 10 илјади војници ќе се симулираат операции врз непријателски цели и ќе се види нивото на хармонија помеѓу различните единици. 

Во воените вежби кои ќе траат и преку ден и преку ноќ ќе бидат вклучени околу 150 тенка и оклопни возила, 200 ракетни системи, 35 авиони и хеликоптери. 

Вежбата ќе трае до 24 мај. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın