Diyar Güldoğan
04 Јули 2017•Ажурирај: 04 Јули 2017
АНКАРА (АП) - Петтиот круг мировни разговори за прекин на судирите во Сирија започна денес во главниот град на Казахстан, Астана, истакна министерот за надворешни работи, Каират Абдрахманов, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сите делегации кои планираат да учествуваат во оваа важна фаза од разговорите, пристигнаа“, нагласи Абдрахманов.
Абдрахманов истакна дека деветмина претставници од вооружените опозициски групи се собрани на индиректни преговори со членовите од делегацијата на сирискиот режим.
окрај трите земји гаранти, Русија, Турција и Иран, и специјалниот пратеник за Сирија, Стефан де Мистура, на преговорите присуствуваат и делегации од Јордан и САД во улога на набљудувачи.
Абдрахманов рече дека точките од агендата се создавање на зони без судири во Сирија, што беше потпишано од страна на земјите-гаранти за време на состанокот во Астана на 4. мај.
Првата рунда преговори во Астана беше одржана od 23-24 јануари со посредство на Турција, која ја поддржува опозицијата, и Русија и Иран, кои го поддржуват режимот на Башар ал-Асад.