Eşref Musa,Ömer Koparan
26 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
РАС АЛ АЈН
Во Рас ал Ајн и Тел Абјад во Сирија, кои се исчистени од терористите со операцијата „Извор на мирот“, започна кампања за вакцинирање против парализа на 45 илјади сириски деца, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кампањата за вакцинирање, иницирана со поддршка на Сирискиот центар за поддршка и координација (SUDKOM) на Гувернерството на Шанлиурфа, ќе се спроведе со учество на здравствени стручни тимови.
Кампањата која се очекува да заврши за околу еден месец, има за цел да ја спречи болеста детска парализа.
Говорејќи за АА, одговорното лице за здравствени работи на Локалниот совет на Рас ал Ајн, Абдулах Осман, рече: „Се планира околу 45 илјади деца да се вакцинираат во Рас ал Ајн, центарот на градот Тел Абјад и во руралните области.“
Осман истакна дека кампањата за вакцинација, покрај здравствените центри ќе ја поддржат и мобилните екипи.
„Ќе одиме од куќа до куќа и ќе ги вакцинираме сите деца што живеат во овие подрачја. Би сакал да им се заблагодарам на сите здравствени работници кои дадоа придонес во оваа кампања и да им посакам успешна работа“, додаде Осман.