Ekip
26 Октомври 2020•Ажурирај: 26 Октомври 2020
ДОХА
Катарскиот емир Шеких Тамим бин Хамад ал Тани денес во Доха се состана со делегацијата на либиската Влада, со која одржа разговори во врска со последните случувања во земјата разорена од војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Катарскиот емир со либискиот министер за надворешни работи Мохамед ал Тахер Сиала и министерот за внатрешни работи, Фатхи Башага, разговараше за начините за зајакнување на билатералната соработка меѓу Катар и Либија“, објави официјалната новинска агенција КНА.
Катар е еден од главните поддржувачи на меѓународно признатата либиска Влада против Калифа Хафтар, кој е поддржан од неколку други земји, вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати, Египет, Русија и Франција.